Невладината организација Еко Партнерс е невладина, непартиска и непрофитабилна организација со своја визија и мисија, формирана со слободно здружување на граѓани, заради остварување на заштита и усогласување на своите интереси и уверувања како и остварување на дејности и активности од областа на екологијата, туризмот, органското производство и истражувачка дејност во РМ како активен чинител за развој на регионалната и меѓународната соработка.
1. Стратешки цели
2. Дополнителни цели
3. Фокус
1. Стратешки цели
Развој на туризмот, екологијата и органското производство и истражувачка дејност
–Стратешка цел бр.1.1
– Јакнење на промоцијата и поддршката на туристичките дестинации
– Промотивни кампањи за туризмот
– Учество на меѓународни конференции и конференции во регионот: ваквите настани ќе се искористат за промоција и воспоставување на потенцијални партнерства со организации во регионот
– Организирање на трибини и дебати со едукативен карактер
– Промовирање на еко туризмот
– Промотивни конференции за туризмот и подигнување на екотуримот во РМ
– Алтернативен туризам, рурален туризам, еколошка храна, стари занаети
– Развивање и водење на апликативни проекти и водење научни студии и истражувања за развој на сите гранки на туризмот
– Едукација на населението за потребата и значењето на туризмот како важна стопанска гранка во Р. Македонија
– Развивање и одржување на врски како и поттикнување и здружување со сродни друштва и сојузи во земјата надвор од нејзе
Стратешка цел бр. 1.2
– Потикнување на рурален развој и екотуризам во руралните средини
– Анимација и промоција на соработката и иновативноста во руралниот развој
– Проекти за одржливост на рурални заедници
– Подршка на иницијативи за вклучување на руралната жена во општествените збиднувања
– Поддршка на иницијативи за пристап на локалното население до локалната власт
– Подршка на иницијативи за вклучување на младите од руралните средини во образованието, спортот и рекреацијата
– Поддршка на иницијативите на заедниците за оддржлив развој и јакнење на институциите на локално и регионално ниво
Стратешка цел бр. 1.3
– Анализа и искористување на податоци
– Спроведување на истражувачки активности, прашалници, анализа на добиените резултати и приказ на состојбите
– Изработка на развојни планови
– Подготовка на предлог проекти и еколошки програми
– Изработка на предлог проекти за екологија
– Заштита на природата и животната средина
– Заштита на околината
– Зелена економија и зелени работни места
– Кампањи за подигање на јавна свест
– Екологија
– Собирање и селектирање на отпад во рурални средини
– Менаџмент на отпадоци, нивно селектирање
– Заштита на природни еколошки системи, промоција и уредување
– Пронаоѓање на нови извори и користење на алтернативна енергија
Стратешка цел бр. 1.4
– Промоција на современи методи на производство и пакување на земјоделски продукти
– Брендирање и маркетинг на производи
– Органска храна и нејзино производство и сертификација
– Планирање на производство
2. Дополнителни цели
2.1 Институционално зајакнување на НВО Еко Пртнерс – преку дополнителни обуки и професионализација на својот персонал и членство како и преку јасна и секторска дефинираност на областите на делување
2.1.1 Овозможување на дополнителни услови за професионализација и стручно оспособување
2. 1.2 Надворешна ревизија
2.1.3 Квартални состаноци
2.1.4 Ревизија на постојните документи за внатрешно и надворешно управување
2.2 Интензивирање на соработката со сите институции и информирање и пошироко вклучување на јавноста во креирањето и донесувањето на одлуки и зајакнување на НВО секторот
3. Фокус
3.1 Интезивирање на соработка со сродни организации и иницирање на заеднички регионални настани и средби заради споделување на добри практики и позитивни искуства, но и заедничка реализација на проекти. Особено ќе биде воспоставена поблиска соработка со организациите со слична цел и размена на контакти и искуства од учества на меѓународни конференции и студиски посети.