ВОВЕД

Невладината организација Еко Партнерс е невладина, непартиска и непрофитабилна организација со своја визија и мисија, формирана со слободно здружување на граѓани, заради остварување на заштита и усогласување на своите интереси и уверувања како и остварување на дејности и активности за подобрување и унапредување на екологијата, туризмот, органското производство и истражувачка дејност.

Од основањето НВО Еко Партнерс е активен чинител кој придонесува за развој на туризмот и развивање на еколошка свест во општеството.

Својата мисија Еко Партнерс ја адаптира според своето ниво на раст и развој и следствено го проширува својот делокруг на делување. Нашата мисија е подигање на нивото на еколошката свест и подобрување на статусот на туризмот преку зајакнување на екотуризмот и руралниот туризам во Македонија преку домашна, регионална и меѓународна соработка.

НВО Еко Партнерс се залага за остварување на својата визија и мисија за остварување на своите стратешки цели и предвидените програмски приоритети.

СОДРЖИНА НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА

I. Стратешки цели на НВО Еко Партнерс

Стратешка цел 1

Искористување на сите можности и потенцијали на организацијата како и развивање на форми за лобирање и застапување за развој на туризмот, екологијата и органското производство и истражувачка дејност.

Стратешка цел 2

Операционализација на локалните и националните планови за јакнење на промоцијата и поддршката на туристичките дестинации

Стратешка цел 3

Развој и унапредување на добротворството и волонтерството преку анимирање и привлекување на бизнис секторот заради финансиска диверзификација на организацијата.

Стратешка цел 4

Подобрување на имиџот и развивање на позитивна слика за Невладиниот сектор во Македонија преку интензивирање на соработката со локалната и централната власт.

Стратешка цел 5

Меѓусекторска и меѓугранична соработка како и подршка на евроинтеграциските процеси.

II Програмски цели на НВО Еко Партнерс

1. Институционално зајакнување на НВО Еко Партнерс преку дополнителни обуки и професионализација на својот персонал и членство како и јасна и секторска дефинираност на областите на делување.

2. Интензивирање на соработката со ЕЛС и централната власт како и информирање и пошироко вклучување на јавноста во креирањето и донесувањето на одлуки и подобрување на имиџот на НВО секторот.

3. Подобрување и унапредување на екологијата, туризмот, органското производство и истражувачка дејност.

4. Поттикнување и унапредување на еколошката свест пред се кај младите и подигнување на значењето и потребата од развојот на туризмот во руралните средини.

5. Намалување на невработеноста и иселувањето во руралните средини преку развој на еко туризмот и руралниот туризам.

6. Финансиска одржливост на НВО Еко Партнерс преку диверзификација на изворите на финансирање.

Фокус

Оваа година НВО Еко Партнерс ќе се фокусира на следниве активности:

– Учество на меѓународни конференции и конференции во регионот: ваквите настани ќе се искористат за промоција и воспоставување на потенцијални партнерства со организации во регионот

-Манифестација  ,,Ден на органско производство и форум за Еко туризам преку регионални практики,,

– Организирање на трибини и дебати со едукативен карактер

– Развивање и одржување на врски како и поттикнување и здружување со сродни друштва и сојузи во земјата надвор од нејзе

– Анимација и промоција на соработката и иновативноста во руралниот развој

– Проекти за одржливост на рурални заедници

– Подршка на иницијативи за вклучување на руралната жена во општествените  збиднувања

– Поддршка на иницијативи за пристап на локалното население до локалната власт

– Подршка на иницијативи за вклучување на младите од руралните средини во образованието, спортот и рекреацијата

– Поддршка на иницијативите на заедниците за оддржлив развој и јакнење на институциите на локално и регионално ниво 

– Анализа и искористување на податоци

– Спроведување на истражувачки активности, прашалници, анализа на добиените резултати и приказ на состојбите

– Изработка на развојни планови

Активностите се опишани подолу при што за секоја програмска цел се дадени активности кои водат кон нејзино остварување.

1. Институционално зајакнување на НВО Еко Партнерс преку дополнителни обуки и професионализација на својот персонал и членство како и јасна и секторска дефинираност на областите на делување.

1.1 Обуки за членството и волонтерите преку овозможување на дополнителни услови за професионализација и стручно оспособување.

1.2 Ревизија на постојните документи за внатрешно и надворешно управување и раководење и донесување на нови.

1.3 Надворешна ревизија

1.4 Печатење на годишни извештаи и квартални билтени

1.5 Квартални состаноци на управниот одбор

1.6 Годишно собрание

2. Интензивирање на соработката со ЕЛС и централната власт како и информирање и пошироко вклучување на јавноста во креирањето и донесувањето на одлуки и подобрување на имиџот на НВО секторот.

2.1 Организирање на 5 јавни дебати

2.2 Месечни информативни и консултативни средби со претставници од ЕЛС и централната власт

3. Подобрување и унапредување на екологијата, туризмот, органското производство и истражувачка дејност.

Активностите во оваа програмска цел се:

Промотивни кампањи за туризмот

– Развивање и водење на апликативни проекти и водење научни студии и истражувања за развој на сите гранки на туризмот

– Едукација на населението за потребата и значењето на туризмот како важна стопанска гранка во Р. Македонија

– Подготовка на предлог проекти и еколошки програми

– Изработка на предлог проекти за екологија, заштита на природата и животната средина и заштита на околината

– Органска храна и нејзино производство и сертификација

– Екологија

– Менаџмент на отпадоци, нивно селектирање

– Заштита на природни еколошки системи, промоција и уредување

– Пронаоѓање на нови извори и користење на алтернативна енергија

4. Поттикнување и унапредување на еколошката свест пред се кај младите и подигнување на значењето и потребата од развојот на туризмот во руралните средини.

Оваа програмска цел ќе ги опфати следниве активности:

– Промовирање на еко туризмот

– Промотивни конференции за туризмот и подигнување на екотуризмот во РМ за алтернативен туризам, рурален туризам, еколошка храна, стари занаети

– Потикнување на рурален развој и екотуризам во руралните средини

– Собирање и селектирање на отпад во рурални средини

5. Намалување на невработеноста и иселувањето во руралните средини преку развој на еко туризмот и руралниот туризам.

– Зелена економија и зелени работни места

              – Кампањи за подигање на јавна свест

– Промоција на современи методи на производство и пакување на земјоделски продукти

– Брендирање и маркетинг  на производи

– Планирање на производство

6. Финансиска одржливост на НВО Еко Партнерс преку диверзификација на изворите на финансирање.

6.1 Обезбедување финансиски извори за организацијатабнод членарина, услуги и организирање на настани

6.2 Активности за привлекување и доближување на бизнис секторот како можен извор на средства

6.3 Потпишување на меморандуми/договори за соработка

6.4 Активности за стекнување и развивање на искуства за кросекторска и прекугранична соработка

6.5 Посети на НВОи за размена на искуства и можна соработка со организации во Македонија и странство.

6.6 Интезивирање на соработка со сродни организации и иницирање на заеднички регионални настани и средби заради споделување на добри практики и позитивни искуства, но и заедничка реализација на проекти. Особено ќе биде воспоставена поблиска соработка со организациите со слична цел и размена на контакти и искуства од учества на меѓународни конференции и студиски посети.

НВО Еко Партнерс