Долго време никој не ја разгледувал руралната средина како носител на туристички потенцијал. Недостатокот на значителен број посакувани туристи кои би престојувале во рурална средина, ги ограничило руралните средини како селскостопански пространства надвор од доменот на туризмот. Натрупаниот стрес и пренатоварената градска средина им даваат можност на луѓето да направат споредба помеѓу сивото секојдневие и престојот во автентична рурална средина, потребата за свежа и еколошки чиста храна, пријатни контакти со локалното население, доближување до природни убавини, селската градина, двор, а со желба и до селскиот труд. Овој алтернативен (во секој однос: понуда, побарувачка, местоположба) вид туризам е предизвикан пред се од:

– Заситеност од туристичка понуда со стандардни традиционални туристички производи езеро, планина, посета на градови) кои не внесуваат разнообразие во одморот на туристот; – Еколошко и морално уништување на туристичките ресурси; и – Претераната динамизација и компјутеризација на градската средина. Руралниот туризам се одвива во средина која е релативно незагадена, спокојна и населена од страна на традиционални заедници, задоволувајќи повеќе потреби : – Потребата да се „избега“ со цел намалување на тензична состојба, придружено со активно или пасивно учество во различни туристички активности. – Потреба од одржување и обновување на здравјето. – Потреба од припаѓање и љубов. – Потреба од знаење, учење и едукација. – Потреба поврзана со желбата да се посетат роднини и пријатели. – Потреба од убаво и ново, итн. Руралниот туризам е карактеристичен за луѓето од високо урбанизираните држави и се развива како резултат на желбата за враќање назад кон природата, поради фактот што им дава можност на луѓето без да потрошат големи финансиски средства да се доближат до природата, или пак да откријат непознати занаети, специфична кујна и нова култура. Во едно истражувањето спроведено во Португалија и поврзано со руралниот туризам, испитаниците им даваат предност на “мирот и тишината“, “пејзажот и природата“, “здравје и свеж воздух“.